More

    Српски партии тврдат Вучиќ е виновен за дипломатските порази

    spot_img

    Во реакцијата на српските десничарски парламентарни партии и движења, Двери и Заветници, оценија дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во синоќешното обраќање до јавноста се обидува вината за сопствената лоша политиката кон Косово да ја префрли на Русија и сметаат дека тој се обидува да го обвини рускиот претседател Владимир Путин за неговите дипломатски порази, јави дописникот на МИА од Белград.

    – Вучиќ вчера изјави дека позицијата на Србија е „променета на полошо“ по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој го поврза косовското прашање со статусот на Доњецк и Луганск во Украина, но и оцени дека рускиот лидер „немал посебна намера да и наштети на Србија“, туку да ги заштити своите интереси – реагираа Заветници.

    Обидите Русија да се претстави како држава која работи против интересите на Србија со селективно и површно толкување на зборовите на Путин се дел од пошироката кампања што во последно време ја водат некои режимски медиуми, велат од таа партија, оценувајќи дека кампањата има за цел да ја поткопа огромната доверба на српските граѓани во Руската Федерација и нејзиниот државен врв.

    – Одбраната на Косово и зајакнувањето на стратешката соработка со Русија е стратешки политички интерес на Србија – изјавија од Двери.

    Партијата додаде  дека српскиот претседател Александар Вучиќ се обидува да го обвини рускиот претседател Владимир Путин за неговите дипломатски порази.

    Како што оценија од ова движење, Вучиќ сакал да создаде впечаток во јавноста дека Србија веќе не може да очекува поддршка од Русија кога е во прашање Косово, што е „една очигледна лага“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img