More

    Српскиот актер Милош Биковиќ, кој кариерата ја изгради и во Русија, се огласи по повод за воените конфликти во Украина

    spot_img

    Српскиот актер Милош Биковиќ, кој кариерата ја изгради и во Русија, се огласи по повод за воените конфликти во Украина.

    Биковиќ го искажа своето мислење за немилите настани на Инстаграм:

    „Посакувам да нема војни, колку и да е тоа наивно, знам. Имавтри години кога изби војната во мојата земја. Имав пет години кога избувна уште една војна. Имав 11 години кога бевме бомбардирани. Знам колку е страшна војната. Поминавме низ слична ситуација, иако ниту една не може да се спореди, бидејќи секој конфликт има различни околности“, напишал Биковиќ и додал:

    „Најлошото во сето ова е што војната и крвопролевањето на која било страна нѐ потсетуваат колку човештвото е далеку од идеалите за единство и љубов. Боже, спаси ги животите на сите оние кои сега се во опасност“, заклучил Биковиќ на споменатата социјална мрежа со објавување на бела фотографија, која го симболизира мирот.

    Инаку, текстот го напишал и на српски и на руски јази

     

    Биковиќ поголемиот дел од времето го поминува во Русија, а сега гостувајќи на РТС открил дека дошол во Србија за да игра во театар.

    – Сега навистина не знам. Се надевам дека некаде во март ќе можам да одам во Москва, но тоа сега зависи – изјави Милош, а потоа открил и дали руската култура може да опстане без европскиот пазар.

    – Мислам дека оваа ситуација на поделба е неодржлива, а и да постои, има и други големи пазари како што е Кина. Русија и руската култура преживеаја и многу потешко: револуцијата, палењето книги, Првата светска војна, Втората светска војна. Културата е единственото нешто што преживува, сè умира, но културата останува – истакнал Биковиќ, пренесува „Објектив“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img