More

    Српскиот актер Милош Биковиќ е ѕвезда на новиот филм „Сакам маж“

    spot_img

    Српскиот актер Милош Биковиќ е ѕвезда на новиот филм „Сакам маж“. По повод филмот, Милош Биковиќ гостувал на српската „ТВ Прва“, но ја коментирал и војната меѓу Русија и Украина, како и влијанието што војната го има врз културата и уметноста.

    Неповолниот момент од прикажувањето на филмот „Сакам маж“ го споредил со моментот на премиерата на филмот „Хотел Белград“ што се случи речиси истовремено со прогласувањето на карантин пред две години.

    „Тоа е удар за продуцентот, за финансиските загуби да не зборувам. Важно ми беше „Хотел Белград“ да се прикажува во Русија и Србија да биде добро прикажана тогаш, па ја сменивме сликата за себе во попозитивна. Тоа е моментот кога велите дека сепак ви е мило што сте успеале да завршите некој проект и покрај ситуацијата. Слична судбина го дочека и филмот „Сакам маж“. Сега кога излезе, се случи војната со Украина, па ниту тука немав среќа. Реакциите се одлични, туку атмосферата е таква што луѓето помалку одат во кино“, рекол Биковиќ.

    Сепак, без оглед на моменталната неповолна ситуација, руското производство ниту претходно не поминуваше најдобро во Европа.

    „Ни претохно не би се прикажувал филм во Париз и Берлин, и тогаш постоеше еден вид анимозитет кон Русите, но сега кулминираше. Оди дотаму што Достоевски и Чајковски ги отстрануваат од репертоарот. Мислам дека тоа е бесмислено, мислам дека тоа е опасно за целиот свет“, рекол актерот.

    За него културата е заеднички јазик на светот, кој сите можеме да го разбереме и почувствуваме на сличен начин.

    „Културата и уметноста се единствените што можат да го поврзат целиот свет. Дури и кога има воена состојба, сепак можете да се поврзете со човекот зад ровот, со нешто што сите го разбираме и го доживуваме.“

    Тој смета дека војната на Русија против Украина не е само вооружен, туку и информативен конфликт.

    „Не се води војна само со оружје, туку и за информативно. Штом некој бара веднаш да го кажете вашето мислење, тогаш се оперира и со информациите“, вели Биковиќ и додава:

    „Јас не сакам на комплицирани прашања да давам поедноставени одговори. Не би рекол дека Путин се разбудил едно утро и решил да убива украински деца. Ние бевме жртви, но бевме претставени и како агресори во светот. Тоа е лицемерието на овој свет затоа што ние ќе известуваме за она што е корисно и интересно за нас да зборуваме, а останатото ќе биде игнорирано од медиумите“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img