More

    Средношколци: Ние сакаме да учиме, затоа што штрајкот е на наша штета

    spot_img

    Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ смета дека моменталната ситуација во образованието е на штета на учениците.

    – Вчера кога дознавме дека е постигнато некакво решение, го поздравивме дека еве возрасните го слушнаа зборот на средношколците и децата и постигнаа компромис. Сакаме да учиме. Две години по ред Сојузот на средношколци бара подобар обрзовен систем и настава. Сега повторно има штрајк, каде веќе се изгубије 10 важни работни дена и гледаме дека со првомајските празници ќе се изгуби и оваа работна недела. Како средношколци не не интересира што преговараат СОНК и МОН, но гледаме дека ние губиме од оваа ситуација – рече Павиќевиќ во Дневникот на ТВ Сител.

    Според него, сите засегнати страни во процесот се дел од ова и сите имаат своја функција.

    – Нехумано е една цела генерација од 18.000 ученици да бидат оставени без можност за нивно усовршување и образование. Доволно е да се уништи сон на едно дете за да пропаднеме како држава, систем, образование. Станува збор за три генерации кои континуирано ги уништуваме. Се што се случува во образованието мора да биде водено од интересот на детето. Ова е сериозен проблем – рече Павиќевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img