More

    Средба на претседателот Пендаровски со студенти од Дипломатската Академија Виена

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска прими студенти од Дипломатската Академија Виена, придружувани од директорот на Академијата, амбасадорот Емил Брикс. Студентите од оваа реномирана дипломатска академија со седиште во Австрија престојуваат во посета на Скопје, во рамки на нивната турнеја на Западен Балкан.

    Во воведното обраќање, претседателот Пендаровски ги запозна студентите со клучните аспекти во стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија, политичките случувања и предизвици на патот до членството во НАТО и преговорите за членство со ЕУ.

    На сесијата прашања и одговори, претседателот Пендаровски и студентите од повеќе земји, разменија мислења за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, европските перспективи на Република Северна Македонија и останатите држави од регионот, како и за случувањата во поширокиот регион, во контекст на руската инвазија над Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img