More

    Средба на „огнените“ со Ахмети, ќе почека интерпелацијата за Груби

    spot_img

    Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска ќе има нова средба со т.н. Огнена група која иницираше реформи во партијата, брифираат партиски членови од Тетово. Средбата треба да се одржи со почеток во 12 часот во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица.

    – Се очекува на средбата да дојдат дел од главните иницијатори како Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и други – брифираат од ДУИ.

    Ова е втора ваква средба откако во четвртокот, на 29 септември, Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај, а меѓу кои беа и Изет Меџити и Блерим Беџети.

    На 24 септември медиумите првпат го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „Огнена група“ од раководството на партијата побараа да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.

    Меѓу потписниците на тоа писмо се Изет Меџити, пратеник и потпретседател на ДУИ, Блерим Беџети актуелен градоначалник на Сарај, Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику пратеничка, Невзат Бејта поранешен министер и градоначалник на Гостивар, Муса Џафери поранешен вицепремиер, како и актуелниот заменик-министер за одбрана, Башким Хасани.
    Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби, изјави за МИА пратеникот од оваа партија Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Коментирајќи ја состојбата во Собранието Зендели се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата.

    – Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во иднина како опозициска партија нема да поднесеме интерпелација за министри на ДУИ и власта генерално – изјави за МИА Зендели.

    Пратеникот на Беса смета дека владејачките партии немаат мнозинство во Парламентот и дека она што се случува во ДУИ со „огнената група“ е внатрешна работа на партијата.

    – Немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ нѐ меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики – рече Зендели.

    Во изјавата за МИА тој не сакаше да ја коментира состојбата во ДУИ велејќи дека станува збор за внатрешна работа на ДУИ, како и дека пратениците кои се потписници на барањата на „огнената група“ никаде јавно не кажале дека ќе настапуваат самостојно или дека се против политиките на партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img