More

    Средба на Грковска со претставници од невладиниот сектор: Неопходен е партнерски однос со граѓанските организации, нивната експертиза е важен елемент во креирањето на политики

    spot_img

    Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа состанок со претставници од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на кој присуствуваа Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешенл, Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи, како и Снежана Камиловска од МЦМС.

    На оваа средба, која е дел од состаноците што вицепремиерката Грковска редовно ги одржува со граѓанските организации, посебно внимание се посвети за процесот на подготовка на законската регулатива за потекло на имот како и процесот на реорганизација на државната администрација, за кој се очекува да почне пилотирањето во три министерства.

    „Партнерскиот однос со независните институции, како и со граѓанските организации е клучен, затоа што нивната експертиза за одделни прашања е многу важна при креирањето на идните политики. Таа симбиоза е формула за успех“, оцени Грковска.

    Вицепремиерката информираше дека работната група која работи на законот за потекло на имот, во соработка со Советот на Европа неодамна одржа дводневна работилница на која се разгледуваа отворените прашања и нагласи дека за ова законско решение не смее да се брза и треба да се подготви низ внимателен и сеопфатен процес.

    Во однос на процесот за Реорганизација на државната администрација, Слаѓана Тасева која е дел од проектот, нагласи дека во наредниот период се очекува да почне пилотирањето во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за информатичко општество и администрација, како и Министерството за економија, а процесот ќе биде јавен и транспарентен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img