More

    Средба на Ангеловска-Бежоска со делегација на ЕБОР: Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај најновите глобални случувања

    spot_img

    Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај последните случувања во Украина, кои значително го менуваат глобалниот економски контекст. Денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен, за што гарантира богатиот монетарен инструментариум на Народната банка, а пред се високото ниво на девизни резерви. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со претставниците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), претставникот за Северна Македонија Анди Аранитаси, регионалната главна економистка на ЕБОР Ана Крешиќ и економската аналитичарка Оља Белиќ.

    Од страна на претставниците на ЕБОР беа поздравени политиките кои ги спроведува Народната банка и беа оценети како соодветни на тековната ситуација во функција на одржување на макроекономската стабилност.

    На состанокот беше дискутирано во однос на макроекономската состојба во македонската економија по здравствената криза и мерките коишто беа преземени заради надминување на негативните ефекти. Притоа, беше посочено дека Народната банка овозможи соодветна поддршка на економската активност преку монетарните мерки, како и со прудентните мерки коишто овозможија солидна кредитна поддршка во текот на целиот период, a истовремено беше овозможено одржување и на стабилноста на банкарскиот систем.

    Kризата во Украина значајно го менува макроекономскиот контекст и во глобални и во домашни рамки. Таа значи надолен ризик за економскиот раст, а нагорен ризик за инфлацијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка внимателно ги следи информациите и движењата во економијата. Од страна на гувернерката на Народната банка, беше посочено дека и покрај добрата кондиција на девизните резерви и историски високата ликвидност на банките, на располагање се и дополнителни заштитни механизми со кои се гарантира макроекономската стабилност. Како најсвеж пример, Ангеловска- Бежоска го посочи продолжувањето на пристапот за Народната банка од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) до репо-линијата од 400 милиони евра, со која се обезбедува пристап до дополнителна девизна ликвидност доколку е потребно. Оваа линија досега не беше искористена. Имено ЕЦБ, во понеделникот оваа недела, за речиси една година ја продолжи важноста на репо-линијата за нашата централна банка.

    И од двете страни беше истакнато дека паралелно со преземањето на мерки и политики во контекст на тековните негативни движења, земјата треба да продолжи да работи на реформите со кои на долг рок ќе се зголеми продуктивноста и потенцијалот за раст на економијата. Беше посочено дека фокусот е потребно да се стави на дигитализацијата и иновативноста, со цел искористување на компаративните предностите кои ги носи модерната технологија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img