More

    Средба Бесими – Јановски: УСАИД значаен партнер на РС Македонија во изминатите 30 години во остварување на своите цели

    spot_img

    Агенцијата за развој на САД (УСАИД) е заначаен партнер на РС Македонија во изминатите 30 години во постигнување на нејзините стратешки цели и стандардите за членство во НАТО и пристапување во ЕУ. Тоа беше констатирано на  средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со претсавникот на УСАИД во земјава Ерик Јановски, кој го завршува својот мандат во втората половина од април 2022 година.

    Министерот Бесими на средбата се заблагодари за досегашната соработка и на поддршката добиена и од страна на Јановски и на Програмата на нашата земја и му посака успех во понатамошната кариера. Министерот оцени дека поддршката е значајна за РС Македонија и дека очекува таа да продолжи и во иднина.

    Соработката меѓу двете земји е дефинирана преку Стратегија за развој и соработка за период 2020-2025 година, со која е предвидена поддршка од 56,6 милиони американски долари, со кои УСАИД ја помага нашата земја да има водечка улога во остварувањето на нејзиниот развој, како најнов сојузник и 30-та земја членка на НАТО, како и при започнување на преговорите за пристапување во ЕУ. Во рамки на Стратегијата минатата година беа потпишани договори за грант со кои беа  доделени средства во износ од 11,8 милиони американски долари, кои се наменети за зајакнување на економската конкурентност и борба против корупцијата, од вкупно планираните 56,6 милиони американски долари.

    Министерството за финансии и УСАИД заедно работат и на зајакнување на капацитетите на општините и на унапредување на фискалната децентрализација. Во оваа насока се предвидени активности преку петгодишниот проект „Зајакнување на активноста за мобилизција на ресурсите“ со вкупен фонд од 6,5 милиони долари. Исто така, најавено е учество на министерот Бесими на конференција организирана од проектот на УСАИД на тема „Нови партнери и подобро општинско буџетирање“ што ќе се одржи на 6-ти овој месец.

    Имено, УСАИД, досега во земјава има инвестирано над 833 милиони американски долари за развојни цели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img