More

    Србија загуби половина милион жители, но доби нови 400.000 станови

    spot_img

    Во претходните 11 години, Белград официјално доби повеќе од 26.000 жители и повеќе од 136.000 станови. На ниво на цела држава Србија во тој период изгубила половина милион луѓе, но добила 396.000 станови повеќе, покажаа првите резултати од овогодинешниот попис, јави Блумберг Адрија.

    Александар Радивојевиќ, научен соработник на Фондацијата за економски научен развој при Економскиот факултет во Белград, јазот меѓу зголемувањето на бројот на станови во однос на бројот на жители го објаснува со тоа што по 2011 година се подобриле условите за купување недвижен имот, како и други фактори кои го ставаат купувањето на недвижен имот како приоритет на граѓаните.

    Тој додава дека реалната заработка пораснала, особено во евра, поради политиката на девизниот курс, дека кредитните услови биле поволни, а инвестирањето во недвижности било профитабилно – и од гледна точка на изнајмување поради постојано растечките кирии, и од аспект на инвестирање во недвижности поради постојаниот пораст на цените на недвижностите.

    Зголемувањето на бројот на станови во однос на бројот на жители е најочигледно во Белград. Главниот град во претходните 11 години официјално доби повеќе од 26.000 жители и повеќе од 136.000 станови.

    Според првите резултати од пописот спроведен годинава, во Белград има вкупно 871.245 станови. Од нив, најмногу се изградени во Нов Белград, нешто повеќе од 101.000, потоа околу 95.000 во Ѕвездара, а на трето место по број на станови во Белград е општината Палилула со 91.000 станови. Според последниот попис, во Белград живеат вкупно 1.685.563 жители.

    На ниво на остатокот од државата, во последните 10 години, во Војводина се изградени уште околу 50.000 станови, нешто повеќе од 115.000 станови во регионот на Шумадија и Западна Србија, а регионите на Јужна и Источна Србија добија околу 95.000 нови станови. Србија во последните десет години доби нешто помалку од 400.000 нови станови, а загуби околу половина милион жители.

    Податоците во туристичките средини покажуваат дека становите најчесто се купуваат за издавање, а не за живеење. На пример, во Врњачка Бања во последните десет години бројот на жители се намалил за повеќе од 2.000, а бројот на станови се зголемил за повеќе од 3.000.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img