More

    Србија доби 500 милиони евра од ЕУ за проектот

    spot_img

    Железницата на Србија најави проект за реконструкција на пругата Ниш-Прешево-Северна Македонија за возови со голема брзина во должина од 92 километри како дел од проектот за модернизација на коридорот Белград-Ниш-Прешево.

    Вредноста на работите на овие делници од пругата е 182,25 милиони евра, а ја финансираат ЕИБ со 90,5 милиони евра и ВИБФ со 4 милиони евра, како и Србија со 14,67 милиони евра. Завршувањето на проектот се очекува до крајот на 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград.

    Како што соопшти регионална платформа која собира професионалци во областа на транспортот и логистиката, порталот Плутонлогистикс, модернизацијата на овој дел од железницата опфаќа работи на делниците Брестовац-Винарци, Орево-Врањска Бања, Ристовац-Бујановац и Букаревац-Прешево-граница со Северна Македонија.

    „Делницата Ниш-Прешево е една од најстарите железнички линии во Србија и најважната делница на Коридорот 10. Оваа електрифицирана линија долга 151 км се користи за најголемиот дел од транспортот во Србија“, соопшти Плутонлогистикс.

    Во рамки на проектот е предвидена и санација и доградба на железничката линија Белград-Ниш во должина од 228 километри.

    Вкупните проценети трошоци за модернизација и реконструкција на коридорот Белград-Ниш-Прешево во должина од 350 километри (поделен на неколку делници) изнесуваат 2,5 милијарди евра.

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ѝ додели на Србија државен заем од 500 милиони евра за реализација на овој проект.

    Меѓу другите проекти за пруги во соседството, денеска Косово одобри нацрт-закон за идеен проект за пруга меѓу Приштина и Драч. Образложувајќи го владиниот предлог, министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу рече дека со релизацијата на овој проект ќе се овозможи транспорт на стоки од пристаништето во Драч во цел Западен Балкан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img