More

    СПЦ утре ја признава МПЦ – По 55 години конечно завршува расколот меѓу двете цркви

    spot_img

    Соборот на СПЦ утре треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата т.н. Македонската православна црква (МПЦ), дознава „Курир.рс“.

    Така, конечно по 55 години од расколот, треба да падне помирувањето со црквата во Македонија, неофицијално дознава „Курир.рс“.

    – Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во Македонија во рамките на Охридската архиепископија. СПЦ сакаше тоа да го направи тоа сама, но намерно беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да покаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога тие се сретнаа во Ниш патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви – дознава изворот на „Курир“ од СПЦ.

    Во објавата дека СПЦ на утрешниот сабор ќе ја признае Охридската архиепископија, српски „Курир“ дознава и што ќе се случува со црквата на Јован Вранишковски која СПЦ досега единствено ја признаваше во Македонија. Според „Курир“, ПОА на Вранишковски ќе се претопи во МПЦ-ОА, а Вранишковски ќе замине во пензија поради нарушено здравје.

    – Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПОА, Јован Вранишковски ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни – дознава „Курир.рс“.

    Според нивниот извор, другите тројца владици Марко, Давид и Јоаким, кои биле најблиски соработници на Вранишковски, ќе добијат управа на еден од манастирите во Македонија, па ќе го задржат епископскиот чин или ќе добијат епархии во рамките на Охридска архиепископија.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img