More

    Според Шолц, Путин се плаши од „искрата на демократијата“

    spot_img
    Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин стравува дека „искрата на демократија“ ќе се прошири и врз неговата земја и додаде дека се обидува да ја подели Европа и да се врати во светот во кој доминираат сферите на влијание.
    Во интервју за весникот „ Muenchner Merkur“, а во одговор на прашањето дали Путин ќе го дозволи приближувањето на Украина до ЕУ, Шолц кажа дека „рускиот претседател мора да прифати  дека во неговото соседство постојат заедници на демократијата што се темелат на законот кои се повеќе се приближуваат“, пренесуваат британските медиуми.
    – Тој очигледно се плаши дека искрата на демократијата ќе се прошири и врз неговата земја – вели германскиот канцелар.
    Според Шолц, Путин сака поделена Европа и враќање на политиката на сфери на влијание.
    – Нема да успее во тоа – изјави Шолц.
    Германскиот канцелар предупреди дека скокот на цената на енергијата веројатно ќе трае уште долго и го отфрли тврдењето на Русија дека го прекинала дотокот на гас бидејсќи и недостасуваат неопходни резревни делови заради санцкиите.
    – Тоа објаснување не е убедливо – порача германскиот канцелар во интревјуот за весникот „Muenchner Merkur“.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img