More

    Според Османи, Македонија во Брисел доби нова волја за датум од ЕУ

    spot_img

    Одлуката за одржување на првите меѓувладини конференции и отпочнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, за време на француското претседателство со ЕУ би била правилна и правична работа со многу позитивни ефекти за целиот регион.

    Ова е мислењето кое преовладуваше во дискусијата на денешниот работен појадок на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија, организиран под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас.

    Како што соопшти МНР, работниот појадок беше посветен на европското досие на Северна Македонија, а се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. Исто така, на средбата беа присутни и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.

    – Оваа средба коинцидира со војната во Украина и случувањата од последните недели го сменија контекстот на нашите разговори, но и на геополитичките и стратешките приоритети на европскиот континент. Нашиот дијалог добива пресвртница во однос на итноста од носење на одлуки што ќе ја детерминираат европската иднина на Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан – истакна Османи.

    Во овој контекст, Османи додаде дека Северна Македонија како кредибилна земја-кандидат, 100-процентно се усогласи со санкциите на ЕУ кон Русија, но, понуди и хуманитарна помош и ги отвори вратите за засолниште на сите што бегаат од страшната војна во Украина.

    На појадокот, министрите, се посочува, изразија силна поддршка за лидерството во Северна Македонија, кое недвосмислено и посветено работи на исполнување на европската реформска агенда и на добрососедските односи со што земјата е препознаена како веродостоен партнер, која ги почитува европските правила, стандарди и вредности.

    -Унијата покажа дека знае да се обедини во историски времиња, да ги донесе вистинските одлуки, да изгради консензус, а ние покажавме дека стопроцентно стоиме зад овие одлуки – заклучи Османи.

    Оваа средба беше одлична можност Османи да се сретне и да размени мислења со повеќето шефови на дипломатии од земјите членки на Унијата, а имаше и одвоена билатерална средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи. Во текот на денот предвидено е обраќање на министерот Османи на АФЕТ во Европскиот парламент, средби со повеќе европратеници, со групата „Пријатели на Северна Македонија“ и со неколку високи претставници во институциите на ЕУ, наведуваат од МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img