More

    Според Битиќи со Отворен Балкан сѐ полесно се надминуваат недостатоците

    spot_img

    Целта на Отворен Балкан е сите нас да не носи напред кон развој, интеграција, конкурентност наспроти меѓусебна конкуренција, слобода на движење на 4-те слободи на Европската Унија, олеснување на процедурите, солидарност и подадена рака. Верувам дека Отворен Балкан е повеќе од идеја и повеќе од иницијативи и има полн капацитет да одговори на потребите и да даде оперативни решенија. Оваа идеја сите не спојува во јасна, отворена, искрена и граѓанска намера.

    Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Тирана на отворањето на пленарната седница на меѓувладините работни групи кои денеска и утре ќе дискутираат за детална имплементација на постигнатите договори во рамките на Отворен Балкан.

    – Време е да се фокусираме на резултати, опипливи и видливи кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните што значи дека се автентични и органски. Денеска тука сме три земји со отворени претпристапни преговори со Европската Унија и сите знаеме колку Отворен Балкан има потенцијал да ги акцелерила реформите потребни за влез во ЕУ. Преку Отворен Балкан, заедно во ЕУ. Тоа е нашиот пат и се надевам дека на истиот набрзо ќе се приклучат и другите земји од Западен Балкан – посочи Битиќи.

    Нагласи дека заедно со колегите од Албанија и Србија ќе работат на утврдување на рамки на работа и протоколи и начини на кои солидарни ќе си помагаме при катастрофи и несреќи, при недостаток на храна и при енергетска криза, со што периодов се соочуваме како резултат на глобалната криза предизвикана од руската воена инвазија врз Украина.

    – Иако секоја национална економија има свои соодветни одговори на предизвиците со кои се соочуваме, како онаа од претходната недела кога Северна Македонија воведе забрана за извоз на пченица – но, доколку оперативниот план што тука заедно ќе го работиме со колегите од Албанија и Србија покаже дека можеме и треба да помогнеме со количина на пченица за нашите сојузници од Отворен Балкан, ќе најдеме начин тоа да го направиме, како и можни начини за заеднички настап на глобалниот пазар како поголем регион или како цела Унија со земјите кандидатки – вети Битиќи.

    Истакна дека унапредувањето на трговската размена и синџирите на снабдување се потенцијал од кој сите можеме да капитализираме преку, како што рече, стимулирање на носење на синџирите на набавка во нашите земји и блиску границите на Европската Унија.

    – Секое лето успешно или за жал помалку успешно се справуваме со летните пожари. Ќе изработиме планови и ќе создадеме оперативни групи за да одговориме едни кон други итно кога на некоја од нашите држави и е потребна помош, но сигурен сум дека ќе дефинираме и можности за помош на останатите земји од регионот. Подготвени сме да помогнеме секому, потребата од помош нема граници – рече Битиќи.

    Посочи дека на денешната седница на меѓувладините работни групи ќе расправаат и за заедничко надминување на енергетската криза и начините за штедење, начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните и потребата за отстранување на работните дозволи.

    – За сите овие теми, пет работни групи ќе имаат интензивна работа во следните два дена, посакувам да се продуктивни и на крај на утрешниот ден да го презентираат сработеното – рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img