More

    Споменик вреден 200.000 евра и висок над 20 метри ќе биде свечено откриен во кумановското село Слупчане

    spot_img

    Споменик вреден 200.000 евра и висок над 20 метри ќе биде свечено откриен во кумановското село Слупчане, а кој ќе биде посветен на борците на УЧК.

    Изградбата на овој споменик беше најавена уште минатата година на 2 мај, односно на денот кој партијата на Али Ахмети, ДУИ, го слави како Ден на бранителите.

    – Овој споменик е во спомен на паднатите борци, на ОНА, на мајките, жените и на сестрите од овој реон – рече лани Ахмети.

    Токму на 2 мај годинава ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, од ДУИ.

    – За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, пишува Арифи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img