More

    Спијат на под, тоалетите затнати со шишиња и со ѓубре

    spot_img

    Италијански воени бродови почнаа да ги евакуираат првите 600 мигранти од сицилијанскиот остров Лампедуза, откако центарот за идентификација на бегалци таму беше преполн со новопристигнати и се појавија снимки од лошите услови.

    Овој месец е забележан постојан пораст на мигрантите кои пристигнуваат во Италија во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи во Рим. Бројот на мигранти нагло се зголеми оваа година. Од јануари досега, 30.000 луѓе бараат статус на бегалци, наспроти 22.700 во истиот период во 2021 година и 7.500 во 2020 година.

    Италијанскиот воен брод „Сан Марко“ ги натовари првите 600 мигранти од Лампедуза и плови до друг центар на Сицилија. Оттаму ќе бидат пренасочени на други места во Италија, соопшти Министерството.

    Поранешната градоначалничка на Лампедуза, Џуизи Николини, на социјалните мрежи објави фотографии и видеа направени во центарот последните денови. На нив се прикажани новодојдените како спијат на подот и тоалетите се затнати со пластични шишиња и ѓубре.

    „2.100 луѓе се сместени во прифатниот центар во Лампедуза, а има кревети за 200“, напиша Николини на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img