More

    Спектакуларен прием за Ѓоковиќ на „Род Лејвер“ во Мелбурн

    spot_img

    Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со повеќе од два часа задоцнување ја започна својата трка по десетата титула на Австралија Опен.

    Српскиот ас во „Род Лејвер“ арената се среќава со Роберто Карбаљес Баена од Шпанија, а мечот доцнеше, најпрво поради паузата која организаторите ја дадоа поради жештините, а потоа и поради продолжението на мечот меѓу Онс Жабер и Тамара Зиданшек.

    Новак Ѓоковиќ се појави во Род Лејвер Арената за прв пат по две години, откако минатата сезона беше депортиран од Австралија.

    Деветкратниот победник на „Ози опен“ беше пречекан на спектакуларен начин од домашната публика во Мелбурн.

    „Оле, оле, Ноле, Ноле“, скандираа трибините на арената Род Лејвер, пренесуваат српските медиуми.

    Дури, како што велат домаќините, вакво нешто никогаш не се случило во Австралија.

    „Тука никогаш немало вакви овации“, беа зборовите на импресионираните новинари на стадионот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img