More

    Спасовски се сретна со Илва Јохансон во Берлин

    spot_img

    На маргините на Берлинскиот процес, со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон разговаравме за досегашниот напредок на Република Северна Македонија во однос на правдата, слободата и безбедноста на државата, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

    Спасовски напиша дека со особено задоволство ја информирал Јохансон дека Владата на Република Северна Македонија го прифати усогласениот текст на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС).

    „Воедно, ја информирав еврокомесарката Јохансон дека договорот којшто го парафирав во 2018 година, конечно ќе биде потпишан на македонски јазик, без додавки“, објави Спасовски.

    Тој упатил благодарност до еврокомесарката Јохансон за континуираната поддршка на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи.

    „Остануваме посветени на спроведување на Планот за борба против корупцијата, како и на усогласување на македонското со европското законодавство, особено за поглавјата 23 и 24, коишто се во надлежност на МВР“, напиша на фејсбук министерот Спасовски.

    Спасовски имаше свои обраќања на трите сесии на Берлинскиот процес. На првата посветена на борбата против нелегалната миграција и т.н. Западнобалканска рута тој информираше за состојбата со мигрантите во Македонија.

    – Во периодот јануари – јули 2022 година спречени се вкупно 12.803 обиди за илегално минување на државната граница, што претставува зголемување од +7 отсто  во однос на истиот период лани, но и намалување од 27 отсто во однос на истиот период 2020 година, кога беа откриени 17.652 обиди. Миграциските текови во Северна Македонија бележат намалување за 80 отсто, но транзитната ‘Западнобалканска рута’ и понатаму останува активна”, посочи Спасовски, додавајќи дека за справување со зголеменото движење не се доволни само национални мерки, туку продолжување и натамошно зајакнување на заедничкиот пристап на засегнатите земји, како и соработка со земјите на потекло, агенциите на ЕУ и на ООН, како и релевантни меѓународни организации – посочи Спасовски. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img