More

    Спасовски: „Секој ќе одговара, но да ги дочекаме аргументите“

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс”, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок мора да сноси одговорност, сеедно дали станува збор за министер, директор или обичен граѓанин.

    – Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументите и фактите коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста.  Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации – нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img