More

    Спасениот Македонец пречекан со аплауз копното

    spot_img

    Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, 30-годишниот македонски државјанин по поминати над 17-18 часа во морето, стапна на копно и со возило на брза помош беше пренесен во болница, откако спасувачките екипи го пронајдоа во морскиот дел југозападно од Касандра на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

    Веројатно е дека хеликоптерот што учествува во акцијата, го лоцирал исчезнатиот, по што бил информиран товарниот брод, што се наоѓал во близина и го спасил Македонецот, а потоа бил преземен од чамец на грчката крајбрежна служба.

    На пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои од вчера детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи.

    Според грчките медиуми, станува збор за Иван, 30-годишникот кој вчера славел роденден.
    Извори од крајбрежната служба на Грција, како што претходно објави МИА, брифираа дека спасениот 30-годишен државјанин на Северна Македонија е во релативно добра здравствена состојба.

    Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за солунскиот информативен портал „Ворија“ вели дека веројатно добрата физичка состојба и смиреноста биле пресудни што и по 18 часа во морето, останал жив.

    На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата беа и братот и таткото на спасениот, кои од Северна Македонија пристигнале на Халкидики.

    Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат да трагаат по последниот од тројцата исчезнати, 28-годишниот македонски државјанин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img