More

    Со формирање на работни групи ќе се решаваат проблемите

    spot_img

    Министерството за здравство и Здружението на приватни лекари се договориле во најскоро време, во рок од недела до две да бидат формирани работни групи и чекор по чекор да се започне со конкретно решавање на работите и утврдување на приоритетите.

    – За медицинските тимови од примарната здравствена заштита кои имаат помалку пациенти и евентуално дополнително да се направат и нови тимови во помалите населени места и во руралните средини, треба да се обезбеди минимална загарантирана плата и за медицинската сестра и за матичниот лекар, за да се спречи одлевањето на кадрите и затворањето на амбулантитите – изјави попладнево заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски по средбата со претседателот на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова и претседателот на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова. На средбата присуствувал и министерот за здравство Беким Сали.

    Рендевски истакна дека на средбата како Министерство за здравство ги увиделе и забелешките и ситуацијата која ја имаат лекарите од примарната здравствена заштита. Во овој изминат период со оглед на актуелниот проблем, посочи, имавме постојана комуникација со министерот за здравство и претставниците на Фондот за здравствено осигурување.

    – Тоа што го увидуваме од самата ситуација во примарната здравствена заштита, точна е забелешката на д-р Дервишова дека навистина имаме од 1.463 медицински тимови од примарната здравствена заштита речиси 500 или една третина реално се на работ на егзистенција, практично добиваат едвај загарантирана минимална плата за тимот доктор, сестра и токму во тој сегмент ќе гледаме колку што е можно побрзо да придонесеме да останат и мотивирани овие тимови со нивните работни обврски во интерес на пациентите – рече Рендевски.

    Од друга страна, потенцира, и оние амбуланти, приватни здравствени установи кои подобро финансиски работат и кои имаат вработени два или три дополнителни медицински тимови, за да немаме нерамномерно плаќање од сопственикот на установата и кај нив исто така за вториот или третиот да биде обезбедена минимална загарантирана плата и за лекарот и за сестрата, да има рамномерност и унифицираност во исплатата.

    – Заеднички ги разгледавме и одредени казнени мерки кои претходно матичните лекари се жалеа дека се изрекувани од Фондот за здравствено осигурување. Во текот на денешниот ден имавме состанок со дел од менаџерскиот тим на Фондот, значи ќе се гледа во иднина за некои помали административни грешки да не одат парично, туку да одат во форма на опомени, така што во иднина ќе имаме и други подобрувања со работните групи и сметаме дека ќе излеземе во интерес на пациентите и да се зачува достоинството на белиот мантил – додаде Рендевски.

    Д-р Чолакова Дервишова истакна дека протестот ќе биде прекинат и очекува тоа што било кажано на средбата да се исполни, а во спротивно имаат и план Б. Лекарската фела проблемите треба да ги решава на маса, посочи таа и додаде дека алармирале за ваквата ургентна состојба и да ги зачуваат здравствените установи во малите места, затоа што тоа е многу битно за народот кој живее во нивна околина.

    – Од првиот настап на заменик министерот видов дека се работи за човек од акција кој зборовите би требало да ги претвори во дела. Денеска ни беше прва средба, ги сфати сите проблеми, има позитивен став. Се видовме и со министерот за здравство. Ги пренесов сите проблеми на целокупното приватно здравство. Тука е режимот на пропишување, казнената политика, опстанокот на малите амбуланти, основен пакет за да можеме да направиме поквалитетно здравство и да пренесеме поголем дел од функциите на примарното здравство, секундарното да го растовариме, терциерното да се занимава со наука, навистина да го задржиме дигнитетот на докторот, да биде среќен и задоволен здравствениот работник – рече д-р Чолакова Дервишова.

    Потенцира дека апелирала до заменик-министерот да се почне веднаш со работни грипи, да има претставници и инсистираат заедно со Лекарската комора, во нив да има човек кој ги разбира и има позитивен став кон нивните барања.

    – Околу Законот за здравствена заштита и пациенти на ПЗУ со министерот исто така инсистирав да се има јавна расправа, а тоа беше договорено и со претходниот министер. Бараме континуитет да има во нештата, како се менуваат министри и директори да не се тапкаат во место сите нешта, туку да има придвижување напред во интерес на задоводлни здравствени работници, медицински сестри и навреме прегледан народ и до брза дијагноза во интерес на нашите пациенти – додаде д-р Чолакова Дервишов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img