More

    Со употреба на сила и на закана гостиварецот ги подведувал девојките

    spot_img

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава обвинителството против Н.Р.(52) со престој во с.Добри Дол, општина Врапчиште, гостиварско, за сторено кривично дело: „трговија со луѓе“, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

    „Пријавениот во периодот од средината на март 2021, па сè до 20.03.2022 во угостителски објект на подрачје на Гостивар со кој управувал, подолг временски период со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина и на Србија, за одреден паричен надоместок. Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и во Тетово“, се вели во соопштениетот од МВР.

    На осомниченото лице му е одредена мерка притвор од 30 дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img