More

    Со сите државнички почести за првпат во историјата на РСМ во седиштето на Интерпол во Лион, дочекани министерот Спасовски и директорот на БЈБ Сашо Тасевски

    spot_img
    Денес, во рамки на меѓународната агенда на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, заедно со Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г-дин Оливер Спасовски, го посетивме Генералниот секретаријат на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ со седиште во Лион, Франција, каде остваривме средби со Генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ г-дин Јурген Сток, Извршниот директор г-дин Стефан Кавана и одговорниот на ИНТЕРПОЛ за Европа, г-дин Франц Шерман.
    Поводот на оваа посета е организирањето на јубилејната 50. Европска регионална конференција, која во 2023 година е доверена на Република Северна Македонија, што се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј – 30- годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство.
    На денешната средба исто така разговаравме и за учеството на МВР во заедничките операции со ИНТЕРПОЛ за детектирање и сузбивање на организирани групи инволвирани во криумчарење кубански и индиски мигранти и, во соработка со Царинската управа, во глобална операција за справување со криминалот со возила и разбивање на транснационалните мрежи кои профитираат од ваквата активност, при што одземени беа 10 возила под сомнение за фалсификат, од кои кај пет возила потврдени се фалсификати.
      Галерија:
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img