More

    Со познатата песна на Бон Џови, Украинците се подготвуваат

    spot_img

    Членовите на бендот Бон Џови објавија видео на кое може да се видат Украинци кои се подготвуваат за борба со нивната песна „It’s My Life“, кое набрзо стана вирално.

    На видеото се гледаат неколку десетици луѓе на брегот на градот Одеса, кој се наоѓа во јужна Украина. Тие си ги подаваат торбите со песок и потоа ги фрлаат на задниот дел од камионот. Во позадина се слуша „It’s My Life“, додека еден Украинец свири на тапани.

    – Ова е за оние кои стојат на своето… Одеса, Украина – напишаа членовите на групата Бон Џови, цитирајќи го стихот „This is for the ones who stood their ground“.

    Видеото прв го објави Олександар Шерба, поранешен амбасадор на Украина во Австрија.

    – Одеса се подготвува за борба – напиша тој.

    Потсетуваме, руските поморски сили вчера гранатираа станбени згради на периферијата на Одеса. Портпаролот на регионалната воена администрација изјави дека нема жртви. Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко, кој моментално се наоѓа во Киев, вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја гледа Одеса како еден од светите градови на Украина, а тoj бил нападнат бидејќи е најголемиот град на Црното Море.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img