More

    Со државна стратегија до енергетска независност

    spot_img

    Македонската енергетска асоцијација (МЕА) на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра редовниот професор на Машинскиот факултет, Кочо Анѓушев, за свој нов претседател.

    – Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата – соопштија од Стопанската комора.

    На седницата, која се одржа денеска во Комората, сдискутирало и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување. На седницата присуствувале клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнале на моменталната енергетска состојба и изнеле ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите.

    – Кочо Анѓушев, како истакнат бизнисмен и човек кој има 20-ина години искуство во оваа област, во услови на драстично зголемување на цената на енергенсите на меѓународните пазари, континуирано и јавно укажува дека Северна Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (а има капацитет), треба да ја следи (и да почне со примена на тоа што е напишано во) енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа – се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img