More

    Со домашни картички се потрошиле 420,7 милиони евра

    spot_img

    Кон домашните е-трговци се слеале 335,3 милиони евра во 2021 година што претставува раст од 47,9% споредено со 2020 година. Од нив 5% се реализирани со странски картички, додека 95% со домашни платежни картички, се наведува во извештајот на Македонската асоцијација Е-комерц, која користи податоци согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република Северна Македонија.

    Иако пандемијата стивнува и работите веќе се враќаат во нормала, растот на новоотворените е-продавници, како и бројот и вредноста на реализираните е-трансакции продолжува и понатаму, со поголема динамика од пред пандемијата.

    Што се однесува до вредноста на е-трансакциите направени со домашни картички кон странски е-трговци, по падот од 52,4% во 2020 година споредено со 2019 година, во 2021 година се забележува раст од 113% или во апсолутен износ реализирани се 101,8 милиони евра, наспроти 47,8 милиони евра во 2020 година. Ако намалувањето на овој сегмент на трансакции во 2020 година беше очекувано со оглед на пандемијата и рестрикциите за патувања, како и бавната достава на производите, очигледно е дека во 2021 година овие сегменти започнуваат да функционираат во голема мера и поради тоа вредноста на е-трансакциите со домашни платежни картички кон странски е-трговци го надминува нивото на кое била во 2019 година.
    Од аспект на бројот на трансакциите, во текот на 2021 година реализирани се вкупно 14,6 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 10,6 милиони во текот на 2020 година што претставува пораст од 38,7%.

    Вкупната вредност на онлајн трансакциите остварени во 2021 година изнесува 437,1 милиони евра, од која со домашни платежни картички се потрошиле 420,7 милиони евра (кон домашни и странски e- трговци), додека до странски платежни картички се потрошиле 16,4 милиони евра (само кон домашни е-трговци).

    Анализирајќи ја структурата на трансакциите, не се забележува значајна промена иако се забележува раст во сите сегменти. Споредено со 2020 година кога вкупната вредност на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон домашни и странски е-трговци изнесуваше 263,6 милиони евра, во 2021 година растот изнесува 59,6% со вкупна вредност од 420,7 милиони евра. Во 2021 година од вкупната вредност, 73% припаѓаат на онлајн трансакции со домашни картички само кон домашни е-трговци и овој сегмент пораснал за 47,9% во однос на 2020 година. Корисниците на домашни картички во текот на 2021 година ја зголемиле вредноста на трансакции кон странски е-трговци за 113% и овој сегмент процентуално учествува со 23% во вкупниот промет. Корисниците на странски картички исто така ја зголемиле вредноста на трансакции кон домашни е-продавници за 50,2% но уделот на овој сегмент изнесувал 4% идентично како и претходната година.

    Домашната понуда во е-трговијата продолжува да расте и понатаму, односно бројот на новоотворени онлајн продавници бележи раст од 22,5% во 2021 година. Во текот на 2021 година се отвориле 312 нови вируелни (интернет) продажни места, со што вкупниот број на е-продажни места на крајот на 2021 година изнесува 1696.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img