More

    Со автомобил поминал преку Камен мост, а истечена му била и возачката дозвола

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со својот автомобил се движел по Камениот мост во Скопје.

    Како што информираат од МВР, изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.

    На социјалната мрежа Твитер викендов масовно се споделуваа фотографии од гостиварецот кој со своето возило минува по Камен мост во центарот на Скопје.

    Ваквиот негов потег наиде на негодување на скопјани, кои, според објавите, извршија силен притисок врз Министерството за внатрешни работи (МВР) да реагира и да го пронајде возачот врз основа на регистарските таблици на возилото.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img