More

    Социјалните мрежи се насочени против руската војска

    spot_img

    Руската служба за безбедност (ФСБ) повика на „моментна“ забрана на американските социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, на првиот ден од судењето за „екстремизам“ во услови кога се зголемува репресијата врз медиумите по инвазијата во Украина.

    – Активностите на Мета (матична куќа на Фејсбук и Инстаграм) се насочени против Русија и нејзините вооружени сили. Бараме нејзина забрана и итна примена на оваа мерка – изјави портпаролот на ФСБ Игор Коваљевски на сослушувањето.

    И Државниот обвинител побара забрана на Мета „поради очигледни знаци на екстремистичка активност“. Сепак, тој побара апликацијата за пораки WhatsApp, исто така во сопственост на Мета, да биде исклучена од забраната, јави Интерфакс.

    На 11 март Руското државно обвинителство побара Мета да биде означена како „екстремистичка“ организација, со што се отвора патот за забрана на сите нејзини активности во Русија.

    Барањето е поднесено по одлуката на Мета да ги олеснат правилата во врска со говорот на омраза против руската армија и државниот врв поради инвазијатаа на Москва во Украина. Државното правобранителство оцени дека Мета ги оправдува „терористичките акции“ и поттикнува „омраза и непријателство“ кон Русите.

    Претставникот на Мета пред судот денеска изјавил дека компанијата последователно ги променила своите правила за да спречи „русофобија и повици за насилство“.

    Инстаграм, Фејсбук и Твитер веќе се блокирани во Русија, каде речиси им е забранет пристапот, освен преку приватна виртуелна VPN мрежа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img