More

    Социјалистите ќе пробаат да ги седнат на маса поранешниот премиер и Трифонов

    spot_img

    Бугарската социјалистичка партија, која го доби третиот последен мандат за формирање нова влада на земјата, останува на ставот дека премиерот треба да биде од најголемата партија застапена во Парламентот – „Продолжуваме со промената“, изјави Корнелија Нинова откако „БСП за Бугарија“ го доби третиот мандат, јави дописникот на МИА од Софија.

    Сѐуште не е познато името на кандидатот за следен премиер на Бугарија, но останува барањето на бугарските социјалисти нов премиер да не биде Кирил Петков.

    Преговорите за формирање нова влада почнуваат утре со најголемата партија во Народното собрание – „Продолжуваме со промената“. Програмата за управување потпишана пред неколку недели меѓу тројцата учесници во владината коалиција „Продолжување на промените“, БСП и „Демократска Бугарија“ ќе биде основа за разговорите со сите политички сили.

    Бугарските социјалисти ќе преговараат со партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ како и со независните пратеници кои се одвоија од нив.

    Лидерот на БСП рече дека нема да се водат консултации со ГЕРБ, ДПС и „Преродба “.

    Според Нинова, најтешко во преговорите ќе биде враќањето на добриот тон меѓу „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“.

    Таа наведе дека во програмата што е потпишана имало договор да се направат дипломатски напори да се средат односите на Бугарија со Русија и да не се прекинуваат и да не се затвори Амбасадата.

    Нинова истакна дека, според нејзината партија, членовите на бугарската влада треба да бидат политички личности, за да биде јасно кој ја сноси одговорноста во сложените времиња во кои се наоѓа нејзината земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img