More

    Сосема сам, со најлонска кеса и телефонски број пристигнал во Словачка

    spot_img

    Словачката полиција на својот Фејсбук објави трогателна приказна за 11-годишно момче од Запорожје, кое бегајќи од војната, сосема само пристигнало во Словачка преку граница.

    – Со една најлонска кеса, пасош и пишан телефонски број на раката, тој дојде сосема сам бидејќи неговите родители морале да останат во Украина. Волонтерите се грижеа за него, го стоплија и му обезбедија храна и пијалоци кои ги спакуваа за да го продолжи патувањето. Сите ги освои со својата насмевка, бестрашност и решителност, достоен за вистински херој – напиша словачката полиција на Фејсбук.

    Подоцна по него дошле роднините на момчето, а сето тоа благодарение на бројот испишан на неговата рака.

    Словачката полиција соопшти дека во последните 24 часа примиле 14.202 лица на граничните премини на влез од Украина. Вкупниот број на примени лица кои влегуваат на граничните премини од украинската територија кај Словачка од избувнувањето на конфликтот до 06.00 часот денеска изнесува 128.170.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img