More

    Сопругот на Пелоси со пукнат череп – Напаѓачот ќе одговара за обид за убиство

    spot_img

    Лицето кое упадна во домот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и со чекан го удри нејзиниот сопруг во главата извикувајќи „Каде е Ненси” се очекува да одговара за убиство во обид и за голем број други тешки кривични дела.

    Полицијата првично одби да го открие мотивот за петочниот напад во Сан Франциско врз Пол Пелоси (82), кој, според канцеларијата на неговата сопруга, бил опериран поради фрактура на черепот и повреди на десната рака и дланка, иако лекарите очекуваат целосно закрепнување.

    Инцидентот ги поттикна стравувањата за политичко насилство на помалку од две недели пред среднорочните избори кои ќе одлучат за контрола врз Претставничкиот дом и Сенатот, кои доаѓаат во услови на најжешка и поларизирана политичка клима во САД во последните децении.

    Демократката Пелоси, која е втора во уставната линија за наследување на американскиот претседател, за време на нападот во нејзиниот дом беше во Вашингтон.

    Таа веднаш се врати во Сан Франциско за да биде со нејзиниот сопруг. Три темни теренски возила, за кои се верува дека припаѓаат на специјална единица за безбедност, вчера беа паркирани, заедно со патролно возило на градската полиција, пред Општата болница „Цукерберг” во Сан Франциско, каде што Пол Пелоси е примен на лекување .

    Во болница беше и нивниот син Пол Пелоси Џуниор, кој на новинарско прашање за состојбата на татко му одговори „засега е добро”.

    Претседателот Џо Бајден денеска на новинарите им изјави дека сопругот на Пелоси е „многу подобар” и дека се чини дека нападот бил „наменет кон Ненси”.

    Полицијата го идентификуваше напаѓачот, кој беше уапсен на местото на настанот, како Дејвид ДеПејп (42). Британските медиуми наведуваат дека и тој, исто така, е пренесен во болница во Сан Франциско.

    Евиденцијата на шерифот покажува дека ДеПејп бил задржан под сомнение за обид за убиство, напад со смртоносно оружје, злоставување постари лица, претепување, провална кражба и неколку други кривични дела. Обвинението ќе биде поднесено утре, а неговото покренување се очекува во вторник, соопшти окружното обвинителство во Сан Франциско.

    Шефот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, во петокот вечерта изјави дека полициските детективи, потпомогнати од агенти на ФБИ, допрва треба да утврдат што го поттикнало упадот во домот на семејството Пелоси, но додаде „знаеме дека ова не е случаен чин”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img