More

    Сопругата на Бали Бег го покажа трудничкиот стомак

    spot_img

    Откако сопругата на Бали Бег, кој на нашата јавност и`е попознат така отколку по вистинското име, ја објави веста за бременоста, секој нејзин чекор внимателно се следи, па дури и на социјалните мрежи. Токму преку нејзините објави и новите фотографии најлесно може да се заклучи како напредува бременоста на Фахрие Евџен, која веќе има еден син со Бурак Озџивит, а сега сите во познатото турско семејство со нетрпение го очекуваат второто дете.

     


    Фахрие, односно Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, утрово со своите следбеници на социјалните мрежи по долго време ги сподели своите нови фотографии кои ја откриваат целата фигура на актерката, па јасно се гледа и нејзиниот труднички стомак. Ова е и првпат Фахрие да го покаже своето трудничко издание, откако пред неколку месеци ја израдуваа јавноста со веста дека со Бурак го чекаат новиот член на семејството.

    Веста дека Фахрие е повторно бремена пристигна на почетокот на јули, а избраничката на Бурак Озџивит сега е веќе во петтиот месец од бременоста, па доаѓањето на бебето се очекува на почетокот на следната година.

    Познатиот брачен пар веќе го има синот Каран, кој го добија пред три години, а веста за своето второ дете ја дочекаа по петгодишнината од бракот.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img