More

    ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Османи дозволија Бугарија да го оспорува македонскиот јазик

    spot_img

    СДСМ ги лажеше граѓаните дека македонскиот јазик е загарантиран и никој не го оспорува, рњагира ВМРО-ДПМНЕ.

    „Вистината е дека СДСМ со своите предавнички политики им отвори врата на негаторите на македонскиот јазик и идентитетот постојано да оспоруваат. Последниот доказ за тоа е изјавата на бугарското МНР кое тврди дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Ова е огромен дипломатски пораз за Македонија“, се вели во ракцијата.

    Според опозициската парртија, дипломатијата на Димитар Ковачевски и Бујар Османи дозволи Бугарија да подготви документ поврзан со нашето пристапување во ЕУ, во кој го оспорува македонскиот јазик и го нарекува бугарски дијалект.

    „Тоа е срамно и преставува предавство. Дека оваа власт на СДСМ и ДУИ ништо не загарантирала говори и изјавата на портпаролката на ЕК, што целосно се коси со уверувањата кои ги даваат владините функционери. Ова покажува дека власта на СДСМ и ДУИ водени од болната амбиција за власт, распродаваат и асимилираат се што е македонско.Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност“, се вели во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img