More

    Солзите на Брендан Фрејзер по премиерата во Венеција

    spot_img

    Актерот Брендан Фрејзер беше во центарот на вниманието на Филмскиот фестивал во Венеција и доби пофалби за својата улога во новиот филм на Дарен Аронофски, „The Whale“.

    Фрејзер ја задржал присебноста додека одел на црвениот тепих на фестивалот, но по премиерата се расплакал откако гледачите го наградиле со шестминутен аплауз за неговата изведба, наведува „Вариети“.

    Фрејзер, кој беше ставен на црната листа од Холивуд откако истапи како жртва на сексуален напад од страна на индустриските моќници, по повеќе од една деценија беше избран за главната улога во една голема продукција. Режисерот Дарен Ароновски го избра токму Фрејзер за главната машка улога во неговата нова продукција „Кит“, а во едно интервју изјави дека популарниот Џорџ од џунглата можеби бил чуден избор, но совршен.

    Во 2008 година, актерот изјави дека во 2003 година бил сексуално нападнат од Филип Бурк, тогашен претседател на Здружението на холивудски странски новинари,и оттогаш актерот речиси пропаднал во земја. Некогашниот миленик на публиката се сведе на споредни улоги во не толку звучни продукции.

    Актерот кој во главно се држеше подалеку од светлата на рефлекторите, сега повторно се враќа на големиот екран поради улогата за која многумина веруваат дека би можела да биде кандидат за Оскар. Фрејзер ја толкува улогата на Чарли, речиси 300 килограми тежок маж кој се чувствува како да му се ближи крајот на животот.

    Брендан бил толку трогнат од реакцијата на филмот што едвај станал додека публиката аплаудирала по одјавната шпица. Во текот на интервјуата со новинарите пред прикажувањето, актерот изразил благодарност за „топлиот прием“ што го добил.

    „Со нетрпение очекувам овој филм да остави длабок впечаток на сите како што остави на мене“, изјавил тој, пишува „Њујорк тајмс“.

    Фрејзер за потребите на филмот морал да носи протетика која понекогаш била тешка и до 150 килограми.

    „Морав да научам да се движам на нов начин. Развив мускули за кои не ни знаев дека ги имам. Дури чувствував вртоглавица на крајот од денот кога ми ја отстрануваа протетиката, токму како што би се чувствувале кога би се симнале од брод на пристаниште тука во Венеција“, изјавил Брендан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img