More

    Советот на Амбасадори со критики и барања

    spot_img

    Нема доволно докажани кадри во Министерството за надворешни работи за да бидат високи дипломати, па државата треба да ја искористи можноста да избира личности и надвор од МНР, а притоа да се департизира бирањето дипломати, бараат поранешните македонски дипломати од Советот на Амбасадори. Во своето соопштение тие го коментираат и спорот со Бугарија, велејќи дека во иднина МНР мора транспарентно да му обзнани на народот за што се преговара, особено кога станува збор за прашања како идентитетот, јазикот, етникумот, културата.

    Во продолжение ви го пренесуваме во целост нивното соопштение:

     „Од моментот на  осамостојувањето, па сѐ до денес, Северна Македонија се наоѓала   во состојба на разновидни блокади, уцени, ултиматуми и други видови препреки при зачленувањето на земјата во Обединетите Нации,  признавањето  од  Европската  Унија и членството во НАТО. А, најгруба, и во историјата на ЕУ досега незабележана блокада, е поставена пред отпочнувањето преговори на земјата со најдемократската Унија на држави.

    Совет на Амбасадори смета дека освен надворешниот фактор, за некои од спомнатите состојби се одговорни и сите политичките партии од Северна Македонија, а најодговорни се најголемите. Крајно време е, претседателот на државата, партиите застапени во парламентот, Владата и МНР, во соработка со научни, стручни и стопански институции и организации, поранешните претседатели и истакнати  поединци  од земјата:

    1. Да креираат и усвојат визија, мисија и стратегија за спроведување на надворешната политика на државата;
    2. Да одредат ниво на транспарентност во процесот на преговарање, усвојување и потпишување на мултилатерални и билатерални договори, кои ги допираат идентитетските прашања (нација, етникум, јазик, литература, култура, историја) на македонскиот и останатите народи во земјата;  и
    3. Да се залагаат за непартизација на дипломатскиот сервис и негова професионализација, согласно стандардите на ЕУ.

    Во однос на кадровската политика на дипломатскиот сервис, Советот на Амбасадори, повторно укажува на потребата од напуштање на досегашната пракса    на партизирани унапредувања и именувања, и примена на сосема поинаков пристап, согласно стандардите на ЕУ и земјите со развиени и успешни дипломатски служби. Одредени постапки во досега применуваниот систем, сериозно го уриваат угледот на македонската дипломатија и на државата во целина.

    Советот на Амбасадори цени дека во МНР нема доволен број на докажани кадри од високодипломатски ранг и смета дека при поставувањето на идни амбасадори треба да се користи можноста и за избор на личности, кои се “, надвор од МНР, Парламентот или Владата, односно од Кабинетот на Претседателот на државата“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img