More

    Собраниската Комисијата за финансирање и буџет го заврши вториот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за оваа година

    spot_img

    Собраниската Комисијата за финансирање и буџет го заврши вториот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за оваа година. Досега се разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани и ниту еден од разгледаните не беше усвоен.

    Ова е петтиот од вкупно десет дена, кои се предвидени според Деловникот за расправа во матичната Комисија и расправата продолжува утре во 11 часот по амандманот број 14.

    Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат дека преку предложените амандмани, тие се обидуваат во повеќе области, особено во сферата на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина да ги подобрат условите за живот на граѓаните и граѓаните помалку да ја почувствуваат енергетската криза.

    Владејачкото мнозинство, е со став дека, проектираната калкулација во ребалансот ќе обезбеди заштита на стандардот на граѓаните и совладување на предизвиците.

    Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

    Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до ,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img