More

    Соборен дрон над седиштето на руската флота на Крим

    spot_img

    Напад со дрон е извршен врз седиштето на руската Црноморска флота на Крим.

    Михаил Развозаев, администраторот на Севастопол назначен од Москва, на социјалната мрежа Телеграм објави дека на покривот на зградата на седиштето паднал дрон и дека во нападот нема жртви, пренесува Радио Слободна Европа.

    Ова е втор напад со беспилотни летала врз седиштето на руската флота на Крим. На крајот на јули, прославата на Денот на руската морнарица во Севастопол беше откажана откако беспилотно летало фрли бомба, а во тој напад беа ранети шест лица.

    Денешниот напад се случи еден ден откако Москва потврди дека вицеадмиралот Виктор Соколов ја презел функцијата командант на Црноморската флота, по серијата неуспеси на неговиот претходник.

    Русија го анектира Крим во 2014 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img