More

    Службите го предупредија врвот на НАТО за опасноста

    spot_img

    Нуклеарно беспилотно торпедо кое може да се движи до 100 километри на час би можеле да тестираат Русите во водите на Карското море на северот од Русија, пишува италијанска Република. Дронот е речиси невидлив за инфрацрвените радари на американските сателити бидејќи оддава малку топлина, а може да предизвика цунами доволно да проголта некој од големите американски градови. „НАТО е во паника“, стои во насловот на статијата каде се вели дека службите го предупредиле врвот на Алијансата за можната опасност.

    „Посејдон може да генерира радиоактивно цунами што може да ги уништи урбаните области како Њујорк или Лос Анџелес“, пишува весникот и тврди дека дронот би можел да биде испукан од нуклеарната подморница „Белгород“.

    „Дури и едноставна најава за тестот ќе му овозможи на Кремљ да покаже единствена способност да го надмудри Западот: оружје против кое нема одбрана“, се вели во статијата.

    Повеќенаменската нуклеарна подморница „Белгород“ е експериментална подморница за беспилотни подводни возила „Посејдон“. Припаѓа на проектот 949А „Антеј“, аналоген на „Курск“, кој е специјално модифициран за системите „Посејдон“.

    Подморницата К-329 Белгород се смета за прототип на новиот концепт на војна што го смислија адмиралите на Путин во последните години, по враќањето на тензиите со САД. Во вода е од април 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img