More

    Словенечкиот премиер му помогнал на косовскиот колега за изборите

    spot_img

    Актуелниот словенечки премиер Роберт Голоб со државни пари ја финансирал кампањата на косовскиот колега Албин Курти. Веста, која беше објавена уште лани во април од страна на словенечки и хрватски медиуми, сега повторно исплива во јавноста, откако партијата Демократски сојуз на Косово го обвини Курти за афера вредна 100 милиони евра, пишува Косово онлајн.

    – Овој скандал е сѐ поголем и поголем. Според последните информации, станува збор за 100 милиони евра од (државната словенечка) компанија ГЕН-И, која е осомничена дека ја финансирала кампањата на Курти преку подружница во Тирана, каде што биле префрлени 14 милиони евра – изјавил Џафер Тахири, член на претседателството на партијата и ја повика власта да ги истражи наводите.

    Во аферата бил вмешан и косовоскиот амбасадор во Хрватска, Мартин Беришај, чие разрешување побара Влора Читаку, потпретседателка на Демократската партија на Косово. Беришај е пријател со премиерот Курти, кој лично го назначи за амбасадор. Сега тој се соочува со овој скандал и е под директен надзор на некои институции, а и под засилено медиумско истражување.

    Kосовските медиуми објавија докази дека компанијата ГЕН-И уплатила 1.470.000 евра на сметката на амбасадорот Беришај, пари кои тој не ги пријавил кога се појавил пред истражната комисија. Спорниот момент е тоа што ГЕН-И ги пратила милионските суми во Приштина додека Голоб бил на нејзино чело, а меѓу другото, во повеќемилионски трансакции била финансирана кампањата на Курти.

    Голоб бил на врвот на компанијата цели 16 години, а скандалот изби речиси истовремено по неговото доаѓање на власт во Словенија. Досега, тој постојано негираше дека се познава со Мартин Беришај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img