More

    Следниве два месеца последна шанса да се договориме со Софија?

    spot_img

    Поголема делегација од земјава заминува во Вашингтон, САД, на 2 јуни, за да го започне дијалогот со Стејт департментот. Последен пат вакво нешто има направено Хрватска пред неколку месеци, но ние сме први од Западен Балкан, кои што го почнуваме и сметам дека е еден вид признание на сите наши општествени и државни постигнувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Ова е дел од новата стратегија во надворешната политика за воспоставувањето процес на следење на имплементацијата на стратешкиот договор со САД и покренување нови иницијативи во делот на економската соработка, енергетиката, одбраната, кибер заштитата, додека со ЕУ продолжуваат разговори на паралелни текови оти, како што рече Османи, наша цел е да создадеме европска и функционална држава.

    Тој вели дека државата нема да најде друга алтернатива на ЕУ, но дека сѐ помалку има политички капитал – поддршка од граѓаните за, како што вели, бесконечно да продолжиме во ова малтретирање. Сепак, според Османи, мора да добиеме одговор од ЕУ што понатаму.

    – Овие два месеца треба да се вложиме оти ова е една од последните шанси да ги надминеме разликите со Бугарија и да ги започнеме европските процеси – рече Османи за Утрински брифинг.

    За односите со Русија, Османи рече дека се такви како што се и дека ние најжестоко сме ја осудиле руската агресија во Украина и врз основа на тоа преземаме одредени мерки.

    – Вчера на Влада донесовме и препорака до општините да не учествуваат на настаните по повод 9 Мај, а се планираат од Руската амбасада во наредните три дена. Владата ги посоветува општините, затоа што не може да ги задолжи – изјави Османи, посочувајќи дека нема сиви зони по ова прашање – или сте со демократскиот свет или сте со Русија, Белорусија и Северна Кореја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img