Не помина ниту еден месец откако легендарниот боксер Мајк Тајсон ја шокираше јавноста со изјавата дека очекува наскоро да умре.
Тајсон тогаш не откри повеќе детали, ниту, пак, објасни од каде е изворот на црните мисли, но сега дополнително ја загрижи јавноста откако се појави во инвалидска количка.
– Еден ден сите ќе yмpeме. Во последно време често гледам разни точки на телото кои претходно сум ги немал. Тогаш си кажувам дека ми се ближи крајот и дека наскоро ќе yмpaм – изјави Тајсон.
Причините поради кои Тајсон сега се појави во инвалидска количка не се познати.