More

    Славната брачна двојка Викторија и Дејвид Бекам летуваат во Хрватска

    spot_img

    Славната брачна двојка Викторија и Дејвид Бекам летуваат во Хрватска.

    Викторија очигледно е воодушевена од одморот, па во саботата на својот профил на Инстаграм сподели моменти од семејниот одмор во Хрватска.

    Меѓутоа, токму поради споделената фотографија, модната креаторка се најде на мета на критики за ежовите што ги извадиле од морето.

    Една фотографија ја покажува нејзината 11-годишна ќерка Харпер Севен како се прегрнува со својот татко Дејвид.

    „Среќен викенд! Бакнежи од Хрватска“, напиша Викторија во описот на објавата.

    Пред Харпер и Дејвид има неколку морски ежови исечени и подготвени за јадење, па токму поради тоа многумина ја критикуваат славната двојка.

    „Ова ќе живееше 100 години на Јадранот, а потоа дојдоа Бекамови“, гласи еден од коментарите во кој се смета дека вадењето ежови е непотребно.

    Семејството Бекам летуваат на островот Лопуд, во близина на Дубровник. Сместени се во велелепен комплекс кој чини 1.400 евра од ден.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img