More

    Скелетот Горгосаурус на аукција, би можел да достигне цена од осум милиони долари

    spot_img

    Скелетот Горгосаурус на аукција, би можел да достигне цена од осум милиони долари
    Скелетот на диносаурус Горгосаурус ќе биде ставен на аукција за прв пат и се очекува да достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави Sotheby’s.

    Аукциската куќа на 28 јули ќе го стави на продажба скелетот на диносаурус висок три метри и долг 6,7 метри.

    Сотби наведува дека е „еден од највредните диносауруси што некогаш се појавиле на пазарот“.

    Горгосаурус талкаше по земјата пред приближно 77 милиони години.

    Возрасен мажјак тежел околу два тона и бил малку помал од неговиот попознат братучед Тираносаурус рекс.

    Палеонтолозите велат дека бил пожесток и побрз од Т-Рекс, со посилен залак.

    Скелетот е откриен во формацијата на реката Џудит, во близина на Авра, во американската сојузна држава Монтана во 2018 година.

    Ова е прв пат Sotheby’s да стави цел скелет од диносаурус на аукција откако го продаде T-Rex по име Су во 1997 година за 8,36 милиони долари.

    „Сите други примероци на горгосаурус што се пронајдени се во музеи“, изјави за AFP Касандра Хатон, шеф на науката и популарната култура во Sotheby’s.

    „Тоа е единственото што всушност можете да го купите, па затоа е возбудливо време, и за приватни колекционери и за институции“, додаде таа.

    За разлика од другите земји, САД не ја ограничуваат продажбата или извозот на фосили, што значи дека скелетот може да заврши во странство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img