More

    Скандал на конференцијата на Ле Пен во Париз

    spot_img

    Прес-конференцијата на францускaта кандидатка за претседател Марин Ле Пен во еден момент беше прекината откако жена од публиката подигнала плакат со фотографија на Ле Пен и Путин во форма на срце, пренесува Ле Монд.

     

     

    Станува збор за фотографија од средбата на Ле Пен и Путин од 2017 година во Париз за време на прес-конференцијата по повод нејзината претседателска кандидатура. Обезбедувањето веднаш ја соборило жената на под и таа била исфрлена од салата во која Ле Пен зборувала за голем број актуелни теми.

    Пред да почне конференцијата во Париз, демонстрантите ја пречекаа Ле Пен пред зградата, извикувајќи дека „Путин е убиецот“ и дека „Ле Пен е соучесник на Путин“.

    Се смета дека Ле Пен отсекогаш ја поддржувала политиката на Путин, толку многу што во Европскиот парламент ја нарекувале „Мадам Путин“.

    На почетокот на прес-конференцијата Ле Пен рече дека нејзината намера е да ја врати Франција на единственото место во светот, имајќи предвид дека „Франција е земја на христијанството, просветителството и хуманизмот“. Таа потсети на зборовите на папата Јован Павле Втори, кој изјавил дека Франција е „најстарата ќерка на црквата“.

    Основните карактеристики на Франција, според Марин Ле Пен, се независноста, доследноста и еднаквото растојание од сите земји и држави. Како што вели, планира да ја обнови Франција  и „тајната дипломатија“, бидејќи смета дека таквата дипломатија е најефикасна, пренесува Ле Монд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img