More

    Скандалозна е одлуката пратениците од коалицијата на СДСМ да ја отфрлат Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

    spot_img

    Скандалозна е одлуката пратениците од коалицијата на СДСМ да ја отфрлат Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев поднесена во Собранието, реагира опозицискта партија.

    Од партијата обвинуваат дека пратениците на СДСМ не ја прошитале Декларацијата и не ја сфатиле нејзината  сериозност и бараат пратениците од власта да објаснат што е спорно.

    – СДСМ не објасни што конкретно од Декларацијата за нив е неприфатливо, дали за нив е спорно истакнувањето на ликот и значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија.Повторно ги повикуваме пратениците на СДСМ и коалицијата во Собранието да одговорат дали за нив е неприфатлив повикот до медиумите во годината  кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата?Не одговорија дали е неприфатлив повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ  да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј?Дали за СДСМ е неприфатлив и повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев?- пршува ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваат дека со одбивањето на Декларацијата во Собранието, СДСМ се против повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј.

    – Со отфрлањето на декларацијата од страна на СДСМ веќе е јасно дека СДСМ и пиунот Ковачевски преговараа за ликот и делото на Гоце Делчев, што е темелот на македонската борба за државност и независност.Ваквите скандалозни ставови на СДСМ по однос на Декларацијата го потврдуваат стравот на јавноста дека власта е дел од некое сценарио кое има за цел натамошно да ја девалвира државноста и историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија -велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img