More

    Сите податоци на јавната администрација се заштитени и не е откриен доверлив документ на српската влада

    spot_img

    Сите податоци на јавната администрација се заштитени и не е откриен доверлив документ на српската влада, објави денеска српското Министерство за информации и телекомуникации во врска со заканите на социјалните мрежи и тврдењата на хакерската група „Анонимуси” дека одредени веб-страници се компромитирани.

    „Анонимуси” на почетокот на годината на социјалните мрежи објавија дека веб-страницата на Војската на Србија, која на 5 јануари накратко беше недостапна, била хакирана. Слично изразени закани дојдоа и од други профили на Твитер, кои се потпишуваат како членови на групата „Анонимуси”.

    – Сите податоци од значење за Република Србија се чуваат во државните центри за податоци во Белград и Крагуевац според највисоките технички и безбедносни стандарди – соопшти Министерството за информации и телекомуникации.

    Нагласено е дека стручните служби на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за безбедност и информации (БИА), Управата за информатички технологии и електронска администрација и Министерството за одбрана „работат координирано и ги следат сите активности”.

    „Вознемирувачките објави” на социјалните мрежи, како што оценуваат од Министерството, имаат за цел „да ги исплашат граѓаните и да претставуваат елемент на специјалната војна што се води против Србија”.

    Од вработените во јавната администрација беше побарано да ги почитуваат мерките за безбедност на информациите и сите безбедносни препораки во врска со непроверените и сомнителни е-пошти и веб-страници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img