More

    Синот на Дејвид и Викторија Бекам и неговата девојка ставија крај на врската

    spot_img

    Додека неговите родители се зафатени на одмор во Хрватска, Ромео Бекам раскина со својата девојка, манекенката Миа Реган.

    Како што пишува Дејли Мејл, синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и Викторија Бекам, Ромео и неговата девојка Миа Реган ја прекинале тригодишната врска бидејќи не можеле да одржуваат врска на далечина. На почетокот на оваа недела, Ромео ги избриша фотографиите на кои е со Миа од својот Инстаграм профил, приредувајќи им на своите фанови непријатно изненадување. Последната објава на Миа со Ромео е стара нешто повеќе од два месеци.

    Изворите велат дека младата двојка раскинала поради притисокот од јавноста и различните работни обврски. Ромео поголемиот дел од времето го поминува во САД градејќи ја својата фудбалска кариера, додека Миа живее во Лондон. „Во суштина, врската на далечина го направи својот данок. Ромео и Миа се слатки млади луѓе, многу се сакаат, семејството на Ромео исто така многу ја сака Миа“, изјавил изворот за Дејли Меил.

    Ромео е многу фокусиран на својата фудбалска кариера, па поради тоа живее во Мајами, додека Миа го следи својот пат – таа е модел и инфлуенсер.

    Крајот на нивната врска дојде само неколку недели откако се проширија гласини дека и двајцата планираат да се венчаат. Тие требаше да почнат да разговараат за заедничка иднина по венчавката на братот на Ромео, Бруклин со неговата сакана Никола Пелц, но сега се е готово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img