More

    Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Бена, откри дека неговиот татко одбил да го финансира кога дипломирал на факултет

    spot_img

    Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Бена, откри дека неговиот татко одбил да го финансира кога дипломирал на факултет.

    Како што е познато, Арнолд го доби Џозеф со куќната помошничка, која наводно била бремена во исто време кога сопругата на актерот Марија Шрајвер го чекала нивното четврто дете.

    Џозеф дознал дека Шварценегер му е татко дури во 2011 година, кога баба му му објаснила сè, а како што вели самиот, оттогаш животот целосно му се променил.

     

    Тој тргнал по стапките на својот татко, се занимавал со глума и бодибилдинг, а по завршувањето на факултетот татко му престанал финансиски да го помага и му рекол дека отсега ќе мора да почне да заработува.

    Џозеф тогаш немал некои актерски успеси, па почнал да се занимава со недвижности, за да може да се издржува.

    „Благодарен сум му на татко ми што ми помогаше за време на студирањето. Но, сега кога е готово, тој ми рече: „Понатаму чекориш сам““, рекол Џозев, па додал дека сепак, е благодарен на татко му поради тоа:

    „Ми требаше работа, улоги не добивав и немав како да заработам. Морав нешто да работам, па почнав да волонтирам во една агенција за недвижности. Сакав да научам што е можно повеќе и да заработам пари. Но, потоа почнав да уживам во тоа и сфатив дека тоа добро го правам, па добив лиценца“, заклучил Џозеф.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img