More

    Синдикатот се заканува со штрајк

    spot_img

    Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) бара од Судскиот буџетски совет веднаш да ја повлечат одлуката донесена на вчерашната седница, со која на судиите и членовите на Судскиот совет ќе им се исплатат најмалку по 12.000 денари, а на вработените во судовите по 500 денари за додатоци на плата за ноември.

    Синдикатот бара правична и праведна распределба на средствата за сите вработени во судовите, а доколку не биде повлечена одлуката, велат дека одговорноста за последиците од незадоволството на вработените во судовите ќе ја сноси Судскиот буџетски совет.

    Доколку оваа Одлука не биде повлечена, за последиците од огромното незадоволство кај членовите на Синдикатот на УПОЗ и на вработените во судовите ќе го сносат членовите на Судскиот буџетски совет.

    „Ваков селективен пристап при исплата на надоместоци на плата и зголемувања на платите во судовите, беше повод за многу протести и штрајкови во минатото, и Судскиот буџетски совет продолжува со незаконска и неправична поделба на надоместоци на плата. Праксата на носење одлуки, зад затворени врати, без присуство на јавноста ниту пак можност Синдикатот на УПОЗ да се стави во одбрана на вработените во судовите, и во минатото и во иднина ќе принесуваат само да се зголемува револтот и незадоволството на вработените и повторно да се организираат протести и штрајкови“, посочуваат од Синдикатот на УПОЗ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img